Apple наводно работи на нов модел на iPhoneu кој би можел да биде претставен идната година. Станува збор за моделот наречен Ultra, кој се очекува на почетокот на наредната година, а кој своето место би го нашол над моделите iPhone Pro и iPhone Max. Apple сака да понуди помоќен и поскап iPhone за „добростоечки“ купувачи, но дури и оние со поскромни финансиски можности се подготвени да платат за да го добијат најдоброто во оваа категорија. Сепак, во моментот е тешко да се каже по што же се разликува Ultra од останатите модели. Се шпекулира дека овој модел би имал побзр процесор, подобра камера од Pro и Pro Max, како и поголем екран. Се очекува негово појавување на пазарот во 2024 година.
Треба да се спомене и дека претходно с епојавуваа разни шпекулации за тоа дека Apple бара повеќе начини по кои Pro моделите би се разликувале од своите мејнстрим браќа. Во еден неодамнешен извештај наведено е дека идните Pro верзии би можеле да имаат WiFi 6E конективност. Исто така, Pro моделите би можеле да добијат редизајнирани оквири од титаниум, како и перископска камера.