Насловна / Вести / Apple продолжува со доминацијата на пазарот, со новите паметни часовници

Apple продолжува со доминацијата на пазарот, со новите паметни часовници

Наредната генерација на Apple паметни часовници, доаѓа со помоќни перформанси и уште повеќе корисни функции. Apple Watch Series 9 користи S9 SIP чипсет, кој е помоќен од претходниот и нуди за 60% подобра процесорска моќност , односно 30% побрз графички чип во однос на Series 8. Дисплејот ан часовникот нуди полесно отчитување на содржината надвор, со осветлување кое е двојно поголемо отколку кај Series 8. Посебно вниманеие е посветено на материјалите. Apple Watch Series 9 е направен од рециклиран алуминиум, злато, калај и бакар, додека з апрв пат во бетеријата е користен рециклиран кобалт. Батеријата нуди до 18 часа работа. Компанијата истакнува дека веќе воопшто нема да користи кожа во било кој од своите производи. Наместо кожа, веќе се користи нов текстил под името FineWoven.

apple1

Ultra е најнапредниот Apple паметен часовник досега, а со втората генерација компанијата ги подигнува функциите на повисоко ниво.  Apple Watch Ultra 2 користи нова архитектура на дисплејот, исто така со многу подобро осветлување, а батеријата овозможува работа до 36 часа. За софтверска поддршка двата часовници користат WatchOS 10.

apple2

Apple Watch Series 9 има почетан цена од 399 долари, додека Apple Watch Ultra 2 ќе чини 799 долари. Продажбата почнува на 22-ри септември.

Испрати коментар

Scroll To Top