Американскиот технолошки гигант Apple работи на нов дизајн на своите уреди, кој вклучува рекордно тенок модел на iPhone, кој би се појавил на пазарот во наредната година. Станува збор за моделот iPhone 17. Ова доаѓа по неодамнешното претставување на уредот со дебелина од само 5mm. Apple смислил како повторно да ги направи своите уреди потенки, со додавање на нови важни функции, па така меѓу првите уреди со ултратенки куќишта ќе бидат пуштени во продажба MacBook Pro лаптопот и Apple Watch. Во последните години, благодарение на зголемените димензии, iPhone моделите 15 Pro и 15 Pro Max, добија помоќни батерии и подобри камери, а MacBook Pro линијата доби подобри батерии, помоќни процесори и повеќе портови.
Bloomberg пренесува дека Apple постепено ќе воведува и нови Intelligence функции во текот на неколку месеци, со нови алатки за пишување, генерирање на слики и прилагодени емотикони.