Лондонската архитектонска фирма Foster+Partners, би требало да ја проектира новата продавница на „Apple“ лоцирана во историската зграда на библиотеката „Карнеги“ во Вашингтон. „Apple“ ќе изнајми дел од приземјето на оваа зграда на 10 години, а проектот ќе треба максимално да се вклопи и да не ја нарушува примарната функција на објектот ниту историската вредност на зградата.
Основана од страна на Ендрју Карнеги, библиотеката била првата целосно интегрирана јавна зграда во Вашингтон. Од 1999 година, Здружението на историчари одржува изложби, јавни дебати и други настани во овој објект.
Претходно, во 2014 година, исто така, постоеле планови за пренамена на дел од овој простор, но истите се одбиени од страна на стручњаците за заштита на културното наследство. И овој пат, за тоа дали намерите на „Apple“ ќе се реализираат, крајниот збор ќе го даде Вашингтонскиот Борд за заштита на историското наследство.
Foster+Partners досега ги имаат проектирано продавниците на „Apple“ во Сан Франциско и Лондон.