Технолошкиот гигант Apple објави дека планира да го произведе својот прв електричен автомобил најдоцна до 2019 година под името ,,Titan”. Во моментов околу 600 вработени на Apple работат на дизајн и производство на автомобилот, бројка која што се очекува во наредните неколку месеци постојано да се зголемува.
Во месец февруари, списанието Financial Times објави дека Apple го превземал главниот раководител на Mercedes-Benz со цел да ги подучи нивните вработени се што би требале да знаат во врска со производство на автомобили.