Компанијата Apple објави дека сите нејзини операции, вклучувајќи ги сите канцеларии, дата центри и други објекти лоцирани во вкупно 43 земји, с енапојуваат единствено и исклучиво со електрична енергија од обновливи извори. Компанијата исто така објави дека девет парнерски компании се обврзале да го извршуваат своето производство со 100% енергија од нефосилно потекло.
До овој резултат, компанијата дојде плански и постепено преку сериозен и сеопфатен проект кој го започна пред десетна години. Веќе од 2014 година сите нејзини дата центри ширум светот работат 100% со енергија од обновливи извори.
Во моментот Apple има 25 оперативни проекти од областа на обновливите извори на енергија, со вкупно 626 MW инсталиран капацитет, Уште 15 вакви проекти се во фаза на изградба. Така, вкупниот инсталиран капацитет ќе надмине 1400MW, распореден во 11 земји.