Американската компанија „Apple“ во својата објава за медиумите откри дека планира да инвестира 1,9 милијарди долари во изградба на два дата-центри кои за работа ќе користат исклучиво обновливи извори на енергија и дека ќе се отворат стотици нови работни места, пишува „Ројтерс“.
Дата-центрите би требало да се изградат во Ирска и Данска и тоа поради онлајн услугите на „Apple“. Ова ги вклучува „iTunes Store“, „App Store“, „iMessage“, „Maps“ и „Siri“, кои ќе им служат на европските корисници.
Инвестицијата би требалo да биде подеднакво распоредена во земјите, а почетокот на нивната оперативна работа би бил во 2017 година. Претседателот на управата Тим Кук, нагласи дека тоа ќе биде најголемата инвестиција на „Apple“ во Европа. Центарот во Ирска ќе биде сместен на западниот брег во градот Атенри, додека во западниот дел од Данска, поточно Виборг, ќе биде новиот дом на другиот нов дата-центар на „Apple“.