Како што беше најавено, компанијата Apple и официјално ја претстави новата боја за својот iPhone. Оваа година, станува збор з ажолтата боја, откако минатат година е воведена зелена а претходната виолетова боја. Нијансата е светло жолта, нешто помеѓу жолтиот iPhone 11 и темно жолтиот iPhone XR. Алуминиумската рамка е со златна боја, исто како кај iPhone 11.
Но, за разлика од минатата година, новата боја нема да биде достапна за Pro моделите, туку се придружува на петте постоечки бои за стандардните iPhone 14 и iPhone 14 Plus. палетата во моментот вклучува midnight црна, starlight бела, (PRODUCT)RED црвена, сина и виолетова боја. Бојата е единственото нешто по што се разликува новата верзија, бидејќи нема никакви технички разлики. Преднарачките за жолт iPhone 14 и iPhone 14 Plus се примаат од 10-ти март.