Апокалиптично невреме, кое рушело стебла и за само неколку минути го претворило олимпиското село во еден голем базен полн со вода, го погоди рускиот град Сочи.
Омилениот град на рускиот претседател Владимир Путин, Сочи, речиси цел е под вода откако го погоди незапаметено невреме.
Како што јавуваат светските медиуми, брановите биле високи и до пет метри, поради што половина град е под вода, а олимпиското село е претворено во еден голем базен полн со вода.
Дрвјата под налетот на силниот ветер паѓале врз струјните кабли и цевките за гас, поради што половина град останал без електрична енергија и гас.