Компанијата „Greenly“ од Шведска, дизајнираше апликација која има за цел да им помогне на домаќинствата да ја намалат потрошувачката на енергија.
Апликацијата собира податоци за потрошувачката на енергија во домаќинството, дава неделни и месечни извештаи за потрошувачката на енергија, ја споредува потрошувачката со соседите и дава совети за намалување на потрошувачката. Сите податоци се наоѓаат на корисничкиот интерфејс „Енергетско дрво“, а корисникот може да им пристапи преку различни уреди. Апликацијата ќе биде тестирана во 200.000 домаќинства.