Насловна / Вести / Апликација за деца во форма на игра, „Белград – знам да го чувам“

Апликација за деца во форма на игра, „Белград – знам да го чувам“

Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Белград издал апликација квиз на знаење, „Белград – знам да го чувам“. Оваа апликација им овозможува на децата пристап до основните концепти, информации, фотографии и цртежи на културното наследство на градот.

бг1_resize

Заводот уште во 2014 година, покренал едукативниот проект „Наследство за деца“. Како производ на долгогодишното развивање на овој едукативен проект, во 2019 година се појавила идејата да се креира андроид апликација квиз на знаење „Белград – знам да го чувам“, која заживеа истата година во форма на игра. Андроид апликацијата им овозможи на децата на лесно достапен начин, на јазик што најбрзо и најлесно го разбираат, да ги направи достапни основните поими, информации и фотографии од недвижното културно наследство. Апликацијата успеала на помладата популација на еден нов и забавен начин, преку натпревари во знаење и со употреба на дигитални алатки да и помогне во развивање и подигање на свеста за културното наследство на градот.

бг_resize

Од Заводот за заштита на спомениците на културата на Град Белград велат: „Наследството на Белград е богато и слоевито, и само кога ќе ги научиме и дознаеме сите тајни што ги крие, ќе знаеме да го чуваме и сакаме на вистински начин“.

Апликацијата може бесплатно да се превземе од AppStore. Проектот е финансиран од Министерството за култура и информации на Република Србија и од Секретаријатот за култура на Град Белград.

бг2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top