Насловна / Архитектура / Апартмани за птици

Апартмани за птици

photo_59
Лоцирани во шумите на Коморо Сити, во планинскиот предел на Нагано, дизајнирани се птичји апартмани од реномираното јапонско студио Нендо, кои се наменети како колективна резиденција на мали диви птици во интеракција со луѓето – опсерватори на птици, “Birdwatchers”(поим усвоен во 1891 г. за набљудувачи на птици како рекреативна активност со голо око, преку бинокулар, двоглед, телескоп или преку слушање на птичји звуци).

bird_apartment_skc04 bird-apartment-Kengo-Kuma-and-Associates-birdhouse-3 birdapartment07Основачот на токиската и миланската фирма, Оки Сато, својата необична идеја ја реализира со изградба на дрвена куќа погодна за интимно следење на птиците од Центарот Андо Момофуку. Примарната мисија на овој центар е промоција на природата и обезбедување на јавен простор кој ќе поттикне нови искуства од природата. Од едната страна на белата дрвена куќарка, се наоѓаат мали кружни влезови за 78 гнездени простори кои изгледаат како мултиплицирани помали куќарки. Додека од другата страна преку скалички, птичјиот опсерватор може да се искачи преку ист таков но поголем кружен влез, кој е структурно понеизразен, од каде може да ги набљудува птиците.

birdapartment02 bird-apartment55_MasayaYoshimuraСо својата форма на кула, дизајнот на птичјите апартмани  потсетува на резиденцијата со училишните бувови од филмовите со Хари Потер. Во филмскиот свет, бувовите се чуваат со цел да се припитомат а во овој случај со апартманите за птици, нашето љубопитство се движи околу тоа колку човекот може да им се приближи и да го набљудува нивниот живот, но на еден дискретен начин. Архитектонското студио Нендо предлага решение за надминување на таа бариера помеѓу човекот и животните, така што со преграда се одделени делот од птичјите гнезда и делот од човекот, но таа визуелна преграда е сепак перфорирана со многу мали отвори низ кои човекот може да ги набљудува птиците во своите гнезда, без да ги вознемири со своето присуство. Графичките илустрации најдобро покажуваат како спротивните влезови работат во корист на обете страни и ги доближуваат човекот и птиците.photo_61

Испрати коментар

Scroll To Top