Emil Eve Architects го претвориле мрачниот простор на поранешниот магацин во удобен, модерен стан за млад пар.
Главната цел на архитектите од Emil Eve Architects било да го направат поранешниот магацин удобен простор за живеење, притоа одржувајќи го индустрискиот карактер. “Кога го купија овој стан, тоа беше простран, празен простор со ѕидови од тули, бетонски тавани и столбови“, вели Ема Перкин, која го основаше студиото со партнерот Рос Перкин.
Првиот чекор било да се создаде нов изглед кој ќе одговара на начинот на живот и секојдневните навики на сопственикот. Станот е во форма на издолжен правоаголник со странични прозорци, па тимот одлучил да ги постави главните дневни соби и спални соби на два спротивни краја од просторот, и бањата и пространа просторија во центарот.
Ходникот што ги поврзува сите други простории служи како библиотека. Речиси сите нови прегради комбинираат вградени полици и ормари направени од даб, чија топла текстура е во контраст со грубата површина на оригиналната тула. Од студиото направиле столарија и некои други парчиња мебел заедно со тимот на Harbor Joinery Workshop.
Главниот простор за живеење е поделен со два бетонски столба во три зони: кујна, дневна соба и трпезарија, која служи и како домашна канцеларија. Кујнскиот простор е дефиниран со масивна лента, надополнета со светло жолти светилки и темно зелени плочки. Плочки со слична нијанса се користеле и во бањата. Главната спална соба има пристап до посебна бања и соблекувална. Втората спална соба е резервирана за гости, па затоа најчесто се користи како теретана.