Шпанското архитектонско студио доби за задача да реновира апартаман во објект кој што е изграден во 1900 година. Предизвикот во уредувањето на овој простор во Барселона е да се создаде место за живеење во кое што ќе се препознаваат карактеристиките од 1900 година изразени преку јазикот на современата архитектура. Тоа е постигнато со употребата на мебел во пастелни бои, употребата на плочки со геометриски дизајн додека одредени елементи како што е таванот се оставени во својата автентична состојба.