Сопствениците на овој апартман се луѓе кои знаат да ја ценат едноставноста, добриот дизајн, квалитетот на материјалите и посебноста. Апартманот на три нивоа зафаќа површина од 120 метри квадратни и е лоциран во самиот центар на Сосновиеч, Полска. Во прилогот е разработен само првото ниво на станот, со отворен концепт на простор за живеење каде сопствениците и нивните гости можат да поминат долго време заедно и да се чувствуваат комфорно.
Најголем предизвик за архитектите на овој ентериер претставува организацијата на тесниот влезен ходник во атрактивна област. Функционална библиотека ја одвојува влезната област од дневниот простор. Во скалишната форма се скриени простран гардеробер за облека и обувки.
Минималистичката бела кујна во анекс форма е декорирана со украсни плочи во црни и бели геометриски шари со освојувачки шарм. Архитектите се одлучуваат за спротивставеност во моделите и формите за да му дадат интригантен карактер на ентериерот.
Поради одличната комбинација на монохроматски бои, различни форми, мебел и материјали, станот не изгледа монотоно. Стаклените елементи и лакираниот мебел се употребени внатре за визуелно зголемување на просторот и додавање елегантност.
Тридимензионалните црни тапети внесуваат во внатрешноста поинаква структура, која создава чувство на удобност но и помалу класичност. И ѕидовите на коридорите ги красат тапети со графички бело-сив принт.
Дури и плочките во кујната и бањата ја имаат моќта да разиграат со своите црно-бели шарки.