Овој стан е дизајниран од страна на дизајнерката за ентериери Tali Roth и се наоѓа во една од највисоките згради во Бруклин, Њујорк. Станот е украсен со азиски артефакти како што се глава на Буда од Тајланд, и други предмети од Камбоџа, Индија и Виетнам, како и уметнички дела од Бали и Индија, коишто сопствениците ги собрале во текот на своите патувања. Сите овие елементи ги враќаат сопствениците во нивните сеќавања на патувањата во странство.