Дизајнерот Константин Кононенко во простор од 46 метри квадратни создаде современо место за живеење на млад брачен пар во Москва.
Во слободниот план на апартманот доминираат дрвените елементи и црно белиот контраст наодредени делови од мебелот. Специфично е што во внатрешниот простор не постојат ѕидови кои што го дефинираат просторот, туку тоа се постигнува само со денивелации во подот.