Сите љубители на совршено кафе, подготвено дома, го ценат, покрај вкусот и мирисот, и дизајнот на апаратот за кафе. Еден кој пред се, се истакнува со својата естетика е со името AnZa, а интересното е во тоа што е направен од бетон и тежи околу 15 килограми. Можеме да кажеме дека всушност се работи за еден вид ремек-дело кое може да биде и во „функција“ на уметничко дело во еден простор.
Освен во оригиналната нијанса на бетон, апаратот доаѓа и во бела боја и е опремен со најдобра технологија која претставува сè за да се произведе најдоброто можно кафе, на кое никој нема да може да му одолее. Па, ако сте обожавател на ритуалот на пиење кафе, ако држите до тоа дека кафето треба да биде врвно, а самиот уред да изгледа привлечно, тогаш AnZa е најдобриот избор кој ги спојува сите горенаведени елементи.