Насловна / Совети / Дух на романтично живеење на потпокрив

Дух на романтично живеење на потпокрив

romanticno_ziveenje_pod_pokriv_thumb.jpg"Решивме да го адаптираме таванскиот простор во куќата на моите родители во стан за живеење. Сметаме дека решението е економски исправно бидејќи со минимални вложувања можеме да добиеме квалитетен животен простор. Како да го организираме станот?"

Таванскиот просторот нуди дух на романтично живеење во отворен простор, лесни преградни ѕидови, стари бајцовани или бело боени греди, специфични визури, оригинален мебел по мерка и посебна филозофија на домувањето. Тој може лесно да се приспособи за живеење и да стане функционална и современа целина. Ви предлагам решение со кое влезните скали ќе го поделат просторот на дел наменет за дневен престој и дел за спиење.

 

Спалната соба е веќе дефинирана со постоечките ѕидови и во неа има доволно место за брачен кревет, комоди и голем гардеробен плакар. Од другата страна на скалите, отворениот простор за дневен престој со мебел се дефинира како трпезарија, дневна соба и кујна. Нискиот дел под косината на покривот искористете го за поставување комоди и клупи за седење изработени по мерка. На ѕидот до скалите поставете повисока комода наспроти која ќе организирате ниско седење.

 

Кујната во една линија е поставена во продолжение на бањата и големиот гардеробен плакар. Просторот ќе изгледа поголем ако биде обоен во бела боја (ѕидовите, гредите, подовите, мебелот, кујната). Динамика во овој бел амбиент ќе внесе темносивата боја на ѕидот помеѓу скалите и дневната соба. Но, сепак, во секој дел од амбиентот и покрај вкрстувањето на различни површини внесете рамнотежа и склад преку бојата, едноставните линии и умерениот број детали.

romanticno_ziveenje_pod_pokriv.jpgromanticno_ziveenje_pod_pokriv_2.jpgromanticno_ziveenje_pod_pokriv_3.jpgromanticno_ziveenje_pod_pokriv_4.jpg

 

Билјана СТЕВКОВСКА – САВИЌ

[email protected] 

Испрати коментар

Scroll To Top