Насловна / Екологија / „Антинагради“ за Gap и Газпром

„Антинагради“ за Gap и Газпром

THE PUBLIC EYE AWARDS 2014: GAP UND GAZPROM ERHALTEN DEN SCHMAEHPREIS
За време на одржувањето на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, здружението Berne Declaration и швајцарскиот огранок на Greenpeace ги доделија наградите “Public Eye” за 2014 година. Овие „антинагради“ се доделуваат на компаниите за кршење на човековите права, занемарување на заштитата на животната средина и одржливиот развој.

Оваа година „лауреати“ се американскиот текстилен џин Gap,  заради континуираното одбивање на реформи во текстилната индустрија, и руската компанија Газпром, заради занемарување на заштитата на животната средина, како и судскиот процес против активистите на Greenpeace.

Извор: Новините

Испрати коментар

Scroll To Top