Насловна / Вести / Антикорупциската комисија шест месеци чека одговор за ДУП Ц08 за Холидеј Ин

Антикорупциската комисија шест месеци чека одговор за ДУП Ц08 за Холидеј Ин

Антикорупциската комисија сѐ уште чека одговори по нивните иницијативи од Јавното обвинителство, бара проактивност на институциите и побрзо решавање на иницијативите, барањата и препораките.

Претседателката на комисијата Билјана Ивановска на денешната прес конференција на која зборуваше за оценките на Европската комисија за ДКСК , истакна дека многу нивни предмети се заглавени во институцитте и дека со месеци чекаат одговори.

Предметот за деталниот урбанистички план кај Холидеј Ин е даден уште пред шест месеци и сѐ уште нема разрешница. Обвинителството се уште не и одговорило на Антикорупциската комисија за иницијативите за кривична одговорност за лицата кои учествувале во донесувањето на ДУП Ц08 за Холидеј Ин.

ддд_resize

ДУП Ц08, спроти Холидеј Ин од 2012 година

Антикорупциска чека одговор и од Уставниот суд за оценка на уставноста на законистоста на донесениот закон од јавен интерес со номинирање на стратешки партнер за доизградба на коридорите 8 и 10.

Претседателката на комисијата Ивановска посочи дека според последната анализа која ја правела ДКСК институциите прифатиле само 30 отсто од нивните препораките.

„Клучни препораки и мислења не беа прифатени кои можеби беа и одлучувачки за некои состојби“ додаде таа.

Таа оцени дека комисијата дома е дискредитирана и обвинувана дека ги надминува своите надлежности, иако Европската комисија и во последниот извештај го забележува напредокот во делот на борбата со корупцијата и судирот на интереси.

Испрати коментар

Scroll To Top