Уметничката експедиција, која е под покровителство на УНЕСКО, тргнува од 16 март од Ушуаја, најјужниот град во светот, каде што сите учесници ќе се качат на истражувачкиот брод Akademik Ioffe, за да учествуваат на првото издание на проектот Antarctic Biennale 2017.
За време на пристигнувањата на различни локации на Антарктикот, уметниците привремено ќе ги поставуваат уметничките експонати или ќе имаат уметнички изведби.
Некои од темите на овие дела на уметноста ќе бидат мобилност, пространа пропорционалност, еколошка компатибилност и други уметнички состојби.
Сите експонати ќе бидат изложени за време на експедицијата, ќе бидат отстранети и ќе бидат вратени на бродот по завршувањето на експедицијата и ќе си го продолжат својот живот во музеите и уметничките галерии, како и на овогодишното Биенале во Венеција.
„Антарктикот е последната територија што е навистина слободна, и е модел за иднината, а според Антарктичката повелба од 1959 година и другите меѓународни договори, ограничен е на креативни активности и научни истражување за доброто на човештвото“, изјави Александар Пономарев, раководител на проектот, кој е исто така, уметник, морнар и филозоф.
Меѓу уметниците што ќе учествуваат во овој голем проект Antarctic Biennale се Томас Сарацено, Џанг Eнли, Лара Фаварето, Метју Ричи и Хани Рашид. Пономарев верува дека ова патување ќе биде револуционерно и дека ќе претставува социолошко-културен феномен, и изјави дека наместо помпезни апартмани, уметниците ќе бидат сместени во кабините на бродот.