Проектот Еразмус+К2: Урбанистичко планирање за социјална отпорност во урбана населби. Трансформативната промена преку граѓанско учество – UPRUN (Urban Planning for Social Resilience in Urban Neighborhoods. Transformative Change through Civic Engagement – UPRUN), поднесен од Техничкиот универзитет Дортмунт, со вклученост на АФС како партнер.
Линк до проектот: UPRUN – Urban Planning for Social Resilience in Urban Neighborhoods. Transformative Change through Civic Engagement (resilient-neighborhoods.eu)
Проектот е во времетраење од околу три години (30 месеци), започна ноември 2023 и ќе трае до мај 2026 година. Тој содржи пет работни пакети и за секој е одреден носител од партнерите и одредена улогата на секој партнер во секој пакет.
Носител на проектот е Technical University Dortmund, Dortmund, Germany, а проектни партнери се: University POLIS, Tirana, Albania; University of Basel, Basel, Switzerland; Frederick University, Limassol, Cyprus; Kaunas University of Technology, Kaunas, Lithuania; University of Mitrovica, Kosovska Mitrovica, Kosovo; National Technical University of Athens – NTUA, Athens, Greece; и University Ss. Cyril and Methodius in Skopje, Skopje, North Macedonia.
Главен истражувач од Архитектонски факултет, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје, е проф. д-р Дивна Пенчиќ, а академскиот тим за имплементација го сочинуваат: м-р Ана Рафаиловска, Асист. м-р Елена Андонова и М-р Стефан Лазаревски. Во проектот се вклучуваат и проф. д-р Јасмина Сиљаноска, проф. д-р Слободан Велевски, Проф. д-р Огнен Марина, Проф. д-р Ана Тромбева Гаврилоска, Проф. д-р Бојан Каранаков и др., со административна поддршка на Славица Крањевска.
Целта на UPRUN е да им обезбеди на идните планери и другите професионалци за изградена средина, пософистицирано разбирање на отпорноста на соседството. За ова цел, UPRUN ќе идентификува стратегии за зајакнување на социјалното вклучување, отпорноста и одржливоста во урбаните заедници и населби. Наодите ќе се користат за развој на хибридни наставни модули кои им овозможуваат на студентите да ги направат урбаните населби поотпорни преку планирање, колективна акција, иновации и учење.
За потребите на Работниот пакет 2 е изработена Анкета која треба да даде основа на истражувањата за граѓанската вклученост во зајакнување на социјална отпорност во урбана населби на ниво на соседства. За анкетирање се избрани граѓани од девет категории: граѓани, граѓански здруженија, граѓански иницијативи, општини, планери, политичари, стопанственици, академија/истражувачи.
За таа цел, Ве покануваме да земете учество во Анкетата и да ни овозможите увид во состојбите во нашите градови.
Линк до анкетата: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfkrB0toKxcm2rri8V7oZl19BUUs-alBQ3YQ1R2J2Ylb5DL6Q/viewform
После завршување на анкетирањето, како и истражувањата од сите Работни пакети, ќе бидат достапни на отворената платформа, која е моментално во изработка, и ќе бидат дел од мрежата која се очекува да се активира.