Насловна / Архитектура / Анкета на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид

Анкета на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид

АНКЕТА: „Перцепција на автентичноста на локалитетите на наследството на УНЕСКО: дизајнот на новата изградба и заштитата на интегритетот во Охрид, Република Македонија“

Во соработка со д-р Александар Милојковиќ, вонреден професор од Градежниот и Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Ниш – отсек Архитектура, заедно со постдипломски студенти, со помош на нашите колеги од НУ Завод и Музеј Охрид, спроведуваат интересен научен проект кој се занимава со заштита на архитектонското наследство и ревитализацијата на историски градови.

Имено, како дел од активностите и  една од темите е посветена на актуелните прашања за автентичноста, како и соодветните современи интервенции во заштитеното урбано ткиво. Во таа насока, намерата е дел од истражувањето да се посвети на проблемите од овој тип со кои се соочува Охрид, како најзначаен урбанистичко-архитектонски ентитет од овој тип во нашиот регион и пошироко. Колегите од Ниш се запознаа со проблемите со кои секојдневно се среќаваме, направија увид во соодветната, планска и друга документација и се разви дискусија за истото. Од сето тоа произлезе интересна анкета која ја споделуваме и би сакале што повеќе учесници да ја пополнат заради поверодостојни анализи, податоци и резултати кои би ни биле од голема корист за идните планови за управување со историското јадро на Охрид. Анкетата е наменета за сите граѓани, жители на Охрид но и посетители и вљубеници во градот кои сакаат да придонесат за заштита на градителското наследство.

На следниов линк можета да пристапите кон пополнување на анкетата со работен наслов „Перцепција на автентичноста на локалитетите на наследството на УНЕСКО: дизајнот на новата изградба и заштитата на интегритетот во Охрид, Република Македонија“

https://docs.google.com/…/1FAIpQLSet6t3SvkO…/viewform…

Испрати коментар

Scroll To Top