Насловна / Вести / Анкета на „Блумберг Адрија“: Граѓаните не сакаат да купат стан по овие цени

Анкета на „Блумберг Адрија“: Граѓаните не сакаат да купат стан по овие цени

Граѓаните „бегаат“ од купување стан. Анкетата на македонската редакција „Блумберг Адрија“ која ја спровеле на социјалната мрежа „Линкдин“ во текот на минатата недела, покажува дека 74 отсто од граѓаните не би купиле стан во моментов. Причината е едноставна, цената на метар квадратен е превисока.

a3

Според нивната анкета, 10 отсто од испитаниците би купиле стан затоа што веруваат дека цените можат дополнително да се зголемат. За 16 отсто од лицата кои учествувале во анкетата купувањето е опција само ако е крајно неопходно.

a1

Слабиот интерес за купување стан не придонесува за пад на цените. Според огласите, метар квадратен во новоградба во центарот на Скопје, вселива дури до крајот на идната година, чини околу 1.900 евра.

Според градежниците, не постојат услови за намалување на цените туку само за нивно стабилизирање. Поевтинување не може да се случи затоа што побарувачката останува висока, а бројот на добри слободни локации е се помал. Дополнитени проблеми прават бавната администрација, високите цени на репроматеријалите и растот на платите.

a2

Се намалува бројот на дозволи за градба

Заклучно со вториот квартал од оваа година, цените на недвижностите се зголемени за 12,9 отсто. Ова претставува намалување во однос на претходниот период, но земјава останува меѓу европските рекордери по растот на цените на становите.

Повеќе за ова прочитајте тука.

Извор: „Блумберг Адрија“

Испрати коментар

Scroll To Top