Модната куќа Marni на овогодишниот Salone del Mobile во Милано ќе го претстави хуманитарниот проект Animal House.
Во Милано започнува големиот Salone del Mobile 2014, во чии рамки свои колекции ќе презентираат најпознатите архитектонски бироа за ентериери, дизајнерски студија и модни куќи. Минатата година, посебно внимание привлече проектот на модната куќа Marni наречен „100 столчиња“, а за оваа година подготвуваат хуманитарен проект во соработка со колумбиските занаетчии.
Animal House е необична инсталација чии главни ликови се птици, жирафи, зајаци, ноеви, магариња и многу други животни како и асиметрични столчиња во светли бои плетени од жица. Секој предмет е рачно изработен од страна на група колумбиски жени, а дел од продажбата ќе биде дониран за да им помогне на оние што страдаат од неизлечиви болести.