Насловна / Вести / Анѓушев: Одржлива инфраструктура како врвен приоритет

Анѓушев: Одржлива инфраструктура како врвен приоритет

На минатонеделниот форум „Македонската економија меѓу визија и дилема“, вицепремиерот Кочо Анѓушев се осврна на актуелните инфраструктурни проекти во земјава, и посочи дека одржливоста во проектирањето и изведбата на инфраструктурните проекти мора да биде еден од врвните приоритети.

„Кога влеговме во Владата немаше технички проект за железничката линија Кичево – Албанија и за патот Скопје – Блаце што е само 13 километри на македонска територија, не беше завршен проектот Кичево – Охрид, не беа дозавршени проектите на железницата кон Бугарија, автопатиштата беа проектирани, но не ревидирани, а немаше ниту проект за делницата Гостивар – Кичево. За раст на економијата се потребни и капитални инвестиции, но тоа треба да бидат одржливи инфраструктурни проекти за кои најпрво е потребно изготвување квалитетни проекти. Во изминатите седум-оусм месеци се работеше на проектирањето. Сега има готови проекти за половина пат од Кичево до Гостивар, (Кичево – Богојчани), за железницата Кичево – Лин, за железницата кон Бугарија, како и ревидирани проекти на автопатот по Коридорот 8. Пракично, веќе сме подготвени да почнеме со тендерски постапки. Но, тие мора да бидат транспарентни. Во разговори сме со финансиските институции, ЕБРД и Светска банка, од каде имаме позитивни сигнали за финансирање„ истакна Анѓушев.

Angjusev

Испрати коментар

Scroll To Top