Насловна / Архитектура / Ангел Ситновски: Презентација на „некои други“ стварности

Ангел Ситновски: Презентација на „некои други“ стварности

Во предвечерието кога Инженерската институција на Македонија обележува 103 години од основањето на првото македонско здружение на инженери и архитекти сакавме да ја нагласиме нераскинливата врска помеѓу инженерството и уметноста. Во холот на Македонската опера и балет се одржа настанот ИНЖЕНЕРСТВОТО ИНСПИРАЦИЈА ЗА МЛАДИТЕ УМЕТНИЦИ. Кога започнавме да го подготвуваме овој настан пред три години, решивме да направиме и една фотографска изложба со објекти и дела од инженерството. Дојде пандемијата на корона и еве со задоцнување од три години, го одбележавме овој настан.

_DSC9367

Албански театар Скопје

За аудио-визуелните артистички елементи на инженерите и уметниците  придонесе музиката на Влатко Стефановски и на студентите од класата на проф. Дарко Багески. Јас со моите фотографии бев дел од овој настан, а исто така и студентите од Факултетот за ликовни и од Факултетот за драмски уметности. На настанот се обратија и ги поздравија гостите и учесниците амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Дејвид Гир, претседателката на Инженерската институција на Македонија, професор Христина Спасевска и професорот Роберт Јанкулоски.

_DSC9315

Железничка станица, Скопје

Моето претставување со фотографии на инженерски дела, како и на студентите беше на два големи видеобима поставени на ѕидовите од холот на МОБ. Фотографиите со кои се претставив се мои размислувања кои се наоѓаат на крстопатот помеѓу инженерството и фотографијата, или подобро помеѓу инженерските и архитектонски проекти и фотографските проекти. При изработка на моите архитектонски проекти честопати користам фотографиии како средство за посредување на она што го гледам на терен и она што сакам да го направам во проектот.

_DSC1280

Административна зграда ул. „Владимир Комаров“, Скопје

За мене фотографирањето на инженерски и архитектонски објекти претставува хибридно подрачје меѓу две професии: архитект и фотограф. Инженерските и архитектонските објекти се објекти кои постоеле и ќе постојат со генерации. При фотографирањето се трудам објектите да го зачуваат својот идентитет и географска положба, ослободени од својот културен и функционален изглед и на некој начин да станат апстракции со поинакво значење.

_DSC2857

Катна гаража „Разловечко востание“, Скопје

Фотографијата и архитектура се поврзани знаковни системи. Собрани како архива или распоредени како секвенци, сликите на згради, машини, делови од уреди, далекуводи и разни инженерски објекти би можеле да бидат пат кон софистицирани изјави за општеството и за начините на кои тоа само себе се претставува.

DSC_0053

              Железнички мост над реката Бошава, Демир Капија

Фотографијата за мене отсекогаш била тесно поврзана со архитектурата, ми се чини дека постојат ист број на начини да се фотографираат згради колку што постојат начини да се фотографираат и луѓе. Секогаш ми биле интересни визуелните можности кои една зграда или објект ги пружа. Никогаш не знам точно што ќе фотографирам. Архитектурата, градежништвото, индустриските објекти се доволно моќни и интересни и тоа е сè што е потребно за да создадам фотографии кои ме интересираат.

DSC_1209

          Локомотива, Влеча на возови, Скопје

Со фотографијата го документирам општеството и времето во кое живеам. Фотографирам објекти, непознати и убави предели низ Македонија, ги фотографирам моите патувања надвор од земјава. И секако тука се моите фотографии од концерти на многу познати светски музички ѕвезди.  Она за што  зборувам преку моите фотографии   се фрагменти на изградените простори и култивирани пејзажи во нашата земја во кои е впишана сложената историја на испреплетени континуитети и дисконтинуитети. Се работи за способноста на многу генерации да се создаде композитна урбана и градежна околина составена од модели, некои преземени од сосема различни културни извори кои се апсорбирани  и преобликувани за специфични, прилично прагматични потреби на една периферна средина на рабовите на светските случувања, некои се оригинални наши модели. Настанува убавина која е економична, ненаметлива на моменти можеби и горка, но редовно ги урамнотежува потребите на луѓето од овие простори.

_DSC1145

                     Маслодајна „Благој Горев“, Велес

Професорот Роберт Јанкуловски  во предговорот на каталогот за оваа изложба вели дека не постои стилска воедначеност на моите фотографии. За ова мое претставување сакав повеќе да прикажам некаков пресек на градби на она што се случувало кај нас во изминатите 100 години. И објектите како и луѓето имаат фотогеничност, некои се пофотогенични, некои не се. Од нешто повеќе од 700 фотографии, кои ги правев во она предпандемично време, низ цела Македонија, направив избор на околу 50 фотографии кои беа претставени на оваа изложба и во каталогот од изложбата.

_DSC1172

Бугарски конзулат, Битола

Често слушаме како архитектурата и градежништвото кај нас и во околните земји е во дефанзива, како во современиве економски и политички односи го изгубиле авторитетот и влијанието на урбаната и на општествената стварност. Во што верувале и како работеле градителите во времињата во кои се чини дека минатото имало повеќе иднина отколку сегашноста? Се обидував да си замислам додека ги фотографирав објектите.  Она што денес е променето е што градот повеќе не се создава како колективно дело во кое архитектонската дисциплина  и општеството делат слични цели, туку како колаж на поедини фрагменти кои се последица на партикуларни интереси и на партикуларна естетика.

DSC_0001

Католичка црква, Скопје

Така секоја парцела станува предмет на микрополитички борби, а проектите се материјални показатели каква може да биде сегашноста, какво може да биде општеството ако се планира и развива или не, рационално и одговорно. Урбаниот простор понекогаш е добар и кога не е „дизајниран“ и не е „програмиран“, кога се повлекува во втор план и станува невидлива подлога за секојдневните случувања, а на граѓаните честопати им е близок носталгичниот спомен за тоа каков бил некогаш урбаниот простор. За мене овие простори претставуваат убава можност за правење  фотографии.

_DSC1313

Станбена зграда, бул. „Јане Сандански“, Скопје

Поминаа стотина години на поновата историја на нашето градителство и инженерство. Многу од објектите и понатаму стојат, како потсетник на едно важно поглавје од историјата на нашето инженерство, многу се сè уште во функција. Со моите фотографии покажав само мал дел од нашето градителско и инженерско наследство.

Автор: Ангел СИТНОВСКИ, дипл. инж. арх.

DSC_0647

Фоаје на Национална опера и балет, Скопје

_DSC9798

ггг

ХЕЦ Глобочица

_DSC9738

Мост на Дебарско езеро

_DSC9559

Научен институт за тутун, Прилеп

_DSC9601

Трафостаница, Скопје

ффф

Филолошки факултет „Блаже Конески“, УКИМ, Скопје

DSC_0366

Музеј на холокауст, Скопје

DSC_1810

Национална опера и балет, Скопје

_DSC2881

Македонска радио телевизија, Скопје

_DSC9308B

Народна банка на РМ

Еден коментар

  1. Милорад Николић,диа

    Браво за колега Синовски,

Испрати коментар

Scroll To Top