Ретката слика на британскиот премиер Винстон Черчил која ја продаде Анџелина Џоли го сруши аукцискиот рекорд. Делото „Кулата на џамијата Кутубија“ беше продадено на 1 март, во аукциската куќа „Кристи“ во Лондон, за 11,5 милиони долари.
Сликата е подарок од Черчил на американскиот претседател Френклин Д. Рузвелт за време на Втората светска војна и како што пишувавме, беше во колекцијата на актерката Џоли.
Анџелина Џоли ја продаде сликата од Винстон Черчил која Бред Пит и ја поклони 2011. година.
Продажбата се зголеми за три пати повеќе од првичната проценета вредност на сликата од 3,5 милиони долари. Претходна рекордна цена на слика на Черчил беше 2,7 милиони долари, а беше продадена во 2014 година во куќата „Сотби“ во Лондон.