Насловна / Арт и дизајн / Анџелина Џоли денес ја продава најпознатата слика на Винстон Черчил

Анџелина Џоли денес ја продава најпознатата слика на Винстон Черчил

Единствената слика која Винстон Черчил ја насликал за време на Втората светска војна наскоро ќе биде продадена на аукција.

1_resize

Во сопственост на Анџелина Џоли, ова уметничко дело му го подарил поранешниот британски премиер на американскиот претседател Френклин Рузвелт. На сликата може да се види спокојна сцена на џамијата Кутубија наспроти прекрасен пејзаж. Черчил ја насликал откако присуствувал на конференција во Казабланка во 1943 година. Опишана како „веројатно најдобрата слика што ја насликал Винстон Черчил, благодарение на важноста на темата и фактот дека ја нагласува важноста на пријателството меѓу двајцата водачи“, оваа слика е многу важна, во секоја смисла.

2_resize

Коментирајќи ја, Ник Орчард, директор на Одделот за модерна британска уметност во Christie’s, изјави: „Светлината во Мароко и преку Маракеш, беше нешто кон што Черчил чувствуваше голема страст. Тој го сакаше сувиот воздух, светлината, Сонцето и начинот на кој тоа си поигруваше со пејзажите, што е апсолутно видливо на оваа слика“.

3_resize

По смртта на Рузвелт, 1945 година, неговиот син Елиот ја продал, а оттогаш таа променила неколку сопственици, пред да ја купи Џоли во 2011 година. Според проценките вредноста на сликата ќе достигне бројка помеѓу  2.1 и 3.4 милиони долари за време на аукцијата која ќе се одржи денес.

4_resize

Испрати коментар

Scroll To Top