Со употреба на боја и неколку сјајни топчиња, се создава илузија што е нова атракција во канадскиот град Монтреал.
Инспирација за овој мурал, избран на конкурс за познатиот монтреалски Авенија музеј, е брановидна дина, а и името на уметничката инсталација е Moving Dunes. Муралот, изработен од канадската архитектонска фирма NÓS, е на ниво на улица, веднаш до страната на Музејот за ликовна уметност, пишува This is colossal.
Анаморфното уметничко дело се состои од систем на линии на неутрални тонови, кои се по шеталиштето и создаваат визуелно измамен пат.
Хромираните топки се спорадично поставени долж улицата, за да ја рефлектираат околната архитектура, како и шарените бранови, на нејзината површина. Исто така, топките претставуваат суптилна бариера, така што само пешаците и велосипедистите можат да се движат по улицата.