Загадувањето на амбиентот со бучава е голем проблем на речиси сите големи градови, но Амстердам има едно многу елегантно решение. Главниот виновник за бучавата во Амстердам е лоциран во аеродромот (Schiphol Airport) кој е оддалечен само 9 километри од центарот на градот, и опслужува околу 1300 летови секој ден.
Со оглед на фактот дека локацијата на аеродромот е сосема наменски избрана да одговара за ваков инфраструктурен проект (идеална топографија – рамна ниска област со голема видливост), но високото ниво на бучава е сериозен проблем, а звукот при слетувањето на авионите може да се слушне и до 28 километри оддалеченост.
Аеродромската управа барала начин како да се справи со овој проблем и ги ангажирале архитектонската компанија H+N+S Landscape Architects и уметникот Paul De Kort заеднички да работат на наоѓање решение. Тие започнале со анализа на физиката на звукот и се фокусирале на менување на топографијата така што ќе се намали интензитетот на звучните бранови. Резултатот е импресивен бидејќи направен е спој на корисното и убавото. Прекрасен парк со интересни форми па дури и уметнички инсталации.