Насловна / Архитектура / Аморфно детско игралиште во Кина

Аморфно детско игралиште во Кина

Проектантското биро со седиште во Шангај XISUI Design создаде аморфно игралиште со користење на параметриско моделирање и симулација за оптимизација на одводнувањето за да се приспособат внатрешните и надворешните простори според сложеноста и падот на теренот.

1

Наречено Natural and Organic: Red Dunes Playtopia, игралиштето, лоцирано во Guanggang New Town, провинцијата Гуангжу, Кина, усвојува иновативен пристап во проектот на игралиштата со користење на напредни технолошки алатки.

2

Креирајќи брановидни ридови, направени од бетон, структурата зема различни форми на мостови налик на планини со Space Lander, заедно со планети за набљудување.

Игралиштето со црвена боја беспрекорно ги интегрира функционалните инсталации во природната топографија, за да долови „шарм на планинско гнездо или куќа во џунгла“.

3

Благодарение на просторите налик на пештери, децата можат да кружат низ просторот, а чувството на односот внатре-надвор е целосно отстрането во проектот.

XISUI Design користеле параметарско моделирање и алгоритми за изнаоѓање структурни форми за надворешниот простор хармонично да се вклопи со природната околина.

4

„Преку дигитално генерирање, топографијата е приспособена да одговара на сложеноста и наклонот на теренот, обезбедувајќи различни зони за различни возрасни групи“, велат од бирото.

„Објектите за детска активност неприметно се спојуваат со природната средина, формирајќи кохезивен простор“.

7

Со примена на прецизни пресметки и симулации, овозможено е да се развие сеопфатен природен систем за одводнување, ефикасно управување со протокот на дождовница и покрај брановидниот терен.

5

„Овој иновативен пристап ја елиминира потребата за површински oтвори за одводнување, овозможувајќи атмосферската вода природно да се распрсне во зелените површини и одредени дренажни испусти“, додаваат архитектите.

8

Опишан како „единствен предизвик во однос на формата и структурата со својата брановидна бетонска структура на школка“, проектот ја имитира пештерска топографијата на природен пејзаж, обезбедувајќи простори за качување и заштитени области под нив.

10 9 11 12

Испрати коментар

Scroll To Top