Насловна / Вести / АМО проектирале ентериер од перници за бутикот Jacquemus во Париз

АМО проектирале ентериер од перници за бутикот Jacquemus во Париз

Холандското студио АМО користело перници за да ги формира штандовите и да ги обложи ѕидовите во овој тактилен бутик за женска облека на модниот бренд Jacquemus во Париз, Франција.

3

Продавницата од 60 квадратни метри, сместена во стоковната куќа Galeries Lafayette Haussmann, е проектирана да делува како спална соба според AMO, истражувачки и дизајнерски огранок на архитектонската фирма OMA.

1

„Локацијата на продавницата во Galleries Lafayette – без прозорци или дневна светлина – доведе до идејата да се создаде средина слична на спалната соба: просторија целосно направена од перници“, вели партнерката на OMA, Ellen van Loon.

„Тоа е пријатна и опуштена атмосфера, која ги поканува купувачите да се одморат и да разгледуваа колку што сакаат“, објаснува таа за Dezeen.

6

Ленените перници се дизајнирани да потсетуваат на текстилот од Прованса, каде што пораснал основачот на Jacquemus, Simon Porte Jacquemus.

„Истражувавме палета на материјали што има за цел да ја долови атмосферата на Прованса“, вели архитектот на ОМА, Giulio Margheri за Dezeen и додава: „Ткаенината на перниците е референца за постелнината на југот на Франција“.

АМО исто така додадле куп перници за да служат како место за седење за купувачите, како и место за прикажување на мали чанти со потпис на Jacquemus.

2

Студиото ја надополнило удобната атмосфера вклучувајќи тепих крем боја, меко осветлување и шини за облека во млечна беж нијанса.

„Проектот на бутикот Jacquemus во Париз започна со идејата да се тестираат границите на работа со еден материјал“, објаснува Ellen van Loon.

4

„Наместо прво да работиме на проектирањето, а потоа да одлучуваме за материјалите, ги пуштивме материјалите да го диктираат своето присуство во просторот.“

Продавницата Jacquemus е еден од многуте малопродажни ентериери што АМО ги проектирале во Париз.

5 7

Испрати коментар

Scroll To Top