Амиен е идилично градче на северот на Франција. На французите им е познат и како родно место на нивниот сегашен претседател Емануел Макрон. Амиен уште одамна е препознаен како совршена дестинација од страна на славниот писател Жил Верн. Она што е навистина зачудувачко, сосбено ако го земеме во предвид славното француско мајсторство во градењето на готските катедрали, е фактот дека токму најголемата готска катедрала во франција е сместена токму овде – во градчето со одвај 140.000 жители.
Уште пофасцинантен е податокот дека за изградбата на овој монументален објект биле потребни 50 години. Изградена е во 13-тиот век, а за тогашно време овој рок бил навистина чудо. Тоа го препознава и UNESCO кој во 1981 година го сврстува на листата на светското културно наследство.
Исто така во Амиен се одржува и најголемиот Божиќен саем во северна Франција, Поснат е по локалните специјалитети, а за многумина најубавиот дел од овој град е т.н Les Hortillonnages. Ова предградие го нарекуваат „Венеција на северот“, и некогаш било пазар, а денес е популарна дестинација за роматични души. Поради својата позиција, во текот на Втората светска војна Амиен се нашол помеѓу „два огна“ и претрпува огромни штети. Архитектот Pierre Dufau се погрижил новите градби да бидат направени од тули, бетон и бел камен, а се прославил и со проектирањето на железничката станица Gare d’Amiens и Tour Perret.