Насловна / Вести / Американско гориво за украинските нуклеарни реактори

Американско гориво за украинските нуклеарни реактори

Американската компанија Westinghouse Electric испорачала гориво за нуклеарните реактори VVER-1000 во Украина. Првата таква постројка (се работи за реактори од руско производство) која ќе користи американски ураниум е блокот 3 во  НЕ Јужноукраинска (Южно-Українська АЕС), со која управува украинската (државна) енергетска компанија „Енергоатом“. Westinghouse започнал со испораки на нуклеарно гориво во Украина уште во 2005 година, но сега тоа е поизразено поради настојувањето на Украина за диверсификација на изворите на снабдување и намалување на зависноста од испораките од Русија. Нуклеарните централи денес покриваат околу 50% од потребите на Украина за електрична енергија, а Westinghouse испорачува гориво за шест од вкупно 15-те активни нуклеарни реактори во земјата.

ukraine1

ukraine2

Ukraine3

 

Испрати коментар

Scroll To Top