Насловна / Вести / Американските испораки на гас во Европа, ги зголемија емисиите на стакленички гасови

Американските испораки на гас во Европа, ги зголемија емисиите на стакленички гасови

Емисиите на јаглерод диоксид од постројките за течен природен гас (ТПГ) во САД, се зголемија за 81% во одно на нивото пред почетокот на пандемијата на корона вирусот, првенствено поради зголемувањето ан испораките на ТПГ во Европа. Имено, седум објекти за извоз на ТПГ емитувале 17,6 милиони тони јаглерод диоксид минатата година. До крајот на деценијата, емисите би можеле да се удвојат.

FILE PHOTO: Illustration shows model of LNG tanker and the U.S. flag

Белата куќа соопштила дека американскиот ТПГ може да и помогне на Европа да ја намали зависноста од гасот од Русија. Од почетокотна војната во Украина, САД има издадаено 5 дозволи за извоз на ТПГ во Европа. Специјалниот пратеник за климата Џон Кери, вели дека забележаното зголемување на емисиите на стакленички гасови е неизбежна „лоша“ страна на зголемениот извоз на ТПГ за евроопските сојузници. Извозниците на ТПГ досега ги одложуваа плановите за зафаќање и севестрација на јаглеродот, поттикнувајќи ги сомнежите во одржливоста на технологијата која би требало да се занимава со влијанието на индустријата врз климата. Енергетски интензивната постапка на втечнување на гасот заради извоз, е само еден од факторите кои влијаат врз состојбите во гасниот сектор, предупредувајќи и на истекувањето на метан во текот на експлоатацијата и транспортот.

lngusa2

 

Испрати коментар

Scroll To Top