Насловна / Вести / Американскиот енергетски гигант во криза?!

Американскиот енергетски гигант во криза?!

General Electric

Новата управа на американскиот индустриски конгломерат General Electric подготвува брза продажба на својот имот ширум светот, од фабриките за светилки до електричните централи, со цел консолидација на своето работење. Целта на новиот главен извршен директор е час поскоро да ги достигне планираните фиинансиски таргети кои претходната управа не била во можност да ги реализира.

GE rezultati

Под притисок на акционерите за намалување на трошоците, тој веќе има најави за намалување на бројот на вработени и продажба на компаниските авиони. Аналитичарите сметаат дека GE е во криза во која новото раководство мора да ја„ исчисти куќата“, да постави вистински луѓе на вистински места и да тргне напред. Сепак, овој деловен пресврт се уште не обезбедува доволно средства за ширење на бизнисот кој најверојатно ќе се фокусира на дигиталните технологии за производство.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top