„Цената на водата во САД расте побрзо од другите стоки и услуги. Сметките за водоснабдување и канализација растат побрзо од американската инфлација, а во 2019 година забележале раст осма година по ред“, се истакнува во неодамна објавената Студија за 50 најголеми градски региони во САД. Поточно, американците оваа година з асметки за вода и за третирање на отпадни води просечно ќе плаќаат по 104 УСД месечно, што е за 30% повеќе во однос на минатата деценија. Се очекува и во 2020 сметките да растат, а тоа би имало влијание и врз цените на недвижностите. Во медиумите во САД зачестено се критикува квалитетот на инфраструктурата која треба постојано да се одржува и да се менуваат дотраените цевководи и уреди. Затоа, градовите во целата земја се соочуваат со сериозни трошоци, за кои покрај зголемените трошоци за одржување придонесуваат и оштетувањата од екстремните временски непогоди.