Американскиот Конгрес ги одобри долгоочекуваните средства за големата реконструкција на патната мрежа во САД.
Иако Американскиот фонд за патишта во последните десет години константно се намалувал, американската влада одлучила да го освежи со финансиска инјекција во вредност од дури 305 милијарди долари.
Конгресот го одобри планот, кој треба да почне до крајот на 2015 година и кој во следните пет години треба да ја обнови американската патна мрежа, пишува Atlantic.
-Сигурна и безбедна патна мрежа е основа за квалитетен живот и добра економија, а со овој петгодишен план ќе се рехабилитираат патиштата, мостовите, железниците и јавниот превоз – се истакнува од Конгресот.
Петгодишниот план не подразбира само реконструкција на авто-патишта и мостови, туку од него, исто така, ќе се финансираат и програмите за јавен превоз, товарен железнички сообраќај и за зголемување на безбедноста во сообраќајот.