Нуклеарната енергија е на пат да доживее ренесанса во Европа, што е последица на енергетската транзиција и напуштањето на фосилните горива, но и енергетската криза, која дополнително е продлабочена со војната во Украина. Поттик за развој на нуклеарките е и одлуката на Европската Комисија да ја означи нуклеарната енергија како зелена инвестиција и транзициски енергент. Американската компанија Westinghouse Electric Company, која произведува нуклеарни реактори, гради и одржува нуклеарни централи, потпиша меморандуми за разбирање со три словенечки компании – Numip, Elmont и SIPRO инженеринг. Потенцијалната соработка подразбира инсталирање на реактори AP1000 ширум централна и источна Европа.
Овие партнерства ќе и овозможат на Westinghouse, блиска соработка со локалните добавувачи со цел да ги обезбеди највисоките меѓународни стандарди за квалитет, безбедност и доверливост во Словенија и во Европа, велат од компанијата. Numip е компанија која пружа услуги за инженеринг, изградба и одржување за конвенционалната енергетика и процесите во различни индустрии, додека Elmont ја одржува електричната опрема. SIPRO инжинеринг се занимава со планирање и управување на проектите, и нуди технологија за поддршка за развој на производи. Повеќе земји од централна и источна Европа најавија дека ќе градат нуклеарни електрани или дека ја разгледуваат оваа идеја, како што се Бугарија, Чешка, Хрватска, Унгарија, Полска, Унгарија, Словенија и Србија. Словенија веќе стартуваше со подготовки за изградба на вториот блок во нуклеарката Кршко.