Објект во швајцарските Алпи доби сосема нова функција после деталните интервенции во екстериерот и во ентериерот. Се работи за ѕидан амбар изграден уште во 1882 година среде идиличните полиња во Алпите. Објектот ја отслужи својата цел до 80-тите години на минатиот век кога бил претворен во викендичка со нов под и покрив. Меѓутоа, архитектонското биро Savioz Fabrizzi дополнително го подобриле објектот: „Нашата нова интервенција, всушност, имаше за цел да го нагласи историското наследство што го носи овој објект. Оригиналните материјали не само што се задржани, туку се ставени во преден план, а на нив се додадени бетонски конструкции кои му даваат модерен изглед“.
Една од главните карактеристики на оваа викендичка е секако лизгачкиот прозорец, кој дозволува потполно уживање во природата.
Рустичната фасада дава впечаток на автентичност и оригиналност, а тоа е токму она што архитектите сакале да го постигнат.