Инженерите од Amazon развиваат паметен фрижидер во кој ќе биде имплементирана технологијата која компанијата веќе ја користи во своите продавници без каса. Имено, таа технологија ќе ги следи корисничките навики и ситуацијата со намирниците во фрижидерот, па кога ќе бидат при крај залихите на намирници кои корисникот често ги купува, или пак кога истекува нивниот рок на употреба, ќе предупреди за тоа. Исто така, ќе овозможи купување на намирници преку Amazon Fresh и Whoole Foods. Уште една опција која би можело да ја има овој фрижидер е предлог рецепти. Врз база на намирниците во фрижидерот, технологијата ќе препорача што би можело да се зготви. Се очекува и поддршка од гласовниот асистент Alexa. Американската компанија досега во развојот на паметниот фрижидер потрошила околу 50 милиони УСД, а процесот трае веќе две години. Сепак, сеуште не е познато дали овој уред ќе се појави наскоро на пазарот, а сосема е извесно дека нема да биде евтин.