Компанијата Amazon, на купувачите во тексашкиот град College Station ќе започне да врши достава на лекови со помош на дронови, а медикаментите ќе им бидат испорачани во рок од еден час од нарачката. Програмираниот дрон ќе пристигне на адресата ан купувачот, ќе се спушти на височина од околу 4 метри и ќе го испушти заштитениот пакет со лекови.
Купувачите ќе може да избираат меѓу над 500 лекови, но не и контролирани супстанци. Калифорниската компанија тврди дека нејзините дронови ќе летаат на височина од 120 метри, пред спуштањето ќе проверат дали во зоната на испорака има било каква препрека. Тестт испораки започнале да се вршат уште кон крајот на минатата година во истиот град. Некои компании и порано изразиле намера да користат дронови во комерцијални цели, но регулаторните ограничувања во поглед на безбедноста се пречката на која наишле.