Компанијата „Амазон“ је забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица од страна на полицијата на една година, пренесува АП.
Овој гигант е последен во низата компании кои забранија употреба на вакви системи, а се соочуваат со критики дека погрешно ги идентификуваат луѓето со потемна боја на кожата.
Активистите за заштита на човековите права и вработените во „Амазон“, извршиле притисок на раководството на компанијата, својата технологија под име Рекогнишн (Rekognition) да престане да ја продава на владините агенции, поради тоа што би можела да биде употребена за нарушување на приватноста и таргетирање на малцинствата.
Во постот на својот блог, компанијата истакнала дека се надева дека Конгресот ќе воведе построги правила во однос на употребата на оваа технологија.
Протестите поттикнати од убиството на Џорџ Флојд го насочија вниманието кон расизмот во САД и кон технологијата која ја користи полицијата за следење луѓе.
Технологијата за препознавање лица која полицијата ја користи за идентификување на осомничените, би можела да биде злоупотребена, предупредуваат критичарите.
Неколку градови во Америка веќе ја забраниле употребата на овие системи од страна на полицијата и други владини институции, а прв меѓи нив бил Сан Франциско, кој тоа го направил во текот на минатата година.
Во вторникот IBM најави дека ќе се повлече од оваа работа и истакна дека постои загриженост дека софтверите за препознавање лица би можеле да бидат употребени за масовен надзор и расно профилирање.