Најголемата компанија за онлајн трговија, соопшти дека од првично разгледуваните 238 понуди, го стеснува изборот за локација на своето ново седиште на 20 градови финалисти. Се работи за второ главно седиште на компанијата „Амазон“ именувано како HQ2.
Сите градови кои првично конкурирале за овој објект (од САД, Канада и Мексико), секако виделе одлична можност за локалниот економски развој низ овој проект, со оглед на фактот дека компанијата ветила отворање на 50.000 нови работни места. Сега само 20 од нив остануваат во конкуренција, од кои 19 се од САД и само еден од Канада (Торонто).