Американската компанија „Амазон“ постигнала договор за купување на 380MW од ветерниот парк Hollandse Kust Noord во Холандија. Ветерната електрана ја развива The Crosswind, конзорциум на нафтената компанија Royal Dutch Shell и Eneco, компанија во сопственост на јапонскиот Mitsubishi. „Амазон“ истакнува дека овој проект наречен Amazon-Shell HKN Offshore Wind Project, е негов најглем проект од областа на обновливата енергија на едно место. Се очекува ветерната електрана да биде во погон до 2023 година со инсталирана моќност од 759 MW. Тоа значи дека „Амазон“ купува 20% од вкупната моќност, почнувајќи од 2024 година, вклучувајќи и 250MW од Shell и 130 MW од Eneco.
Овој проект за „Амазон“ претставува корак поблиску кон целта да стане компанија со 100% обновлива енергија до 2025 година, пет години пред првобитната цел објавена кон крајот на 2019 година. Оттогаш „Амазон“ значајно вложил во обновливи извори на енергија, а 2020 година стана најголем корпоративен купувач на обновлива енергија, најавувајќи 127 проекти во областа на соларната енергија и енергијата на ветерот со моќност од 6,5GW до 10-ти декември 2020 година.