Насловна / Архитектура / Алваро Сиза обвитка музеј со црн брановиден лим

Алваро Сиза обвитка музеј со црн брановиден лим

Музеите се вид на градби во кои архитектонските граници не треба да постојат. Ова е најдобриот пример за ова. Имено, проектот за иновативната зграда на новиот музеј во кинескиот град Нингбо го потпишува добитникот на наградата Прицкер, Алваро Сиза, заедно со неговиот португалски колега, архитектот Карлос Кастанеиро. Музејот за уметност и образование е украсен со заоблена форма без прозорци и е опкружен со брановидни метални панели, кои обезбедуваат дополнителна разиграност на навидум намалениот, црн предмет.

muzej

Металната црна школка на минималистичкиот музеј е поставена на бетонска основа, која преку своите проѕирни делови открива контрастни ентериери, во кои доминираат рампите организирани како лавиринт, пишува Dezeen.

muzej1

“Тоа е мал музеј кој е всушност огромен внатре. Се потпира на наклонот, а неговата брановидна форма се чини дека лебди над земјата. Интригира со својата елеганција и мистерија и сигурно е дека ништо не е очигледно во оваа мала зграда“, рече Кастанхеира.

Музејот на уметност и образование (МОА) содржи површина од 5.300 квадратни метри во рамките на својата неправилна, во основа триаголна форма. Пред да влезете во внатрешноста на музејот, ќе ја видите надворешноста на изложбениот простор само преку сегментираниот проѕирен дел од приземјето.

muzej2

Закривената фасада на зградата е во хармонија со околното уредување, со цел суптилно да ги насочува посетителите во потрага по мал и дискретен влез.

Влезната зона води до самиот центар на музејот, каде има голем отворен простор со бели sидови, чија висина се протега до целата висина на објектот. Овој простор е опкружен со лавиринт од рампи што водат низ целиот музеј. Рампите се обвиткуваат околу празнината на големиот простор и ја формираат главната патека на движење низ музејскиот простор, обезбедувајќи пристап до уметнички галерии кои содржат многу историски и современи кинески слики и скулптури.

muzej3

Како што објаснува Кастанхеира, идејата за спротивставување на екстериерот и ентериерот произлегла од желбата да им се даде на посетителите чувство на „ослободување во огромен простор“, а искуството дополнително се подобрува со кружење на зградата во потрага по мал влез кој го нагласува целиот внатрешен простор.

muzej4

Големиот окулус на ниво на покривот го осветлува пространиот висок простор и, благодарение на големите бели ѕидни површини и отворите на нив, ја рефлектира светлината во изложбените простори без прозорци.

Музејот има и делумно покривна тераса на покривот, со внатрешни и надворешни места за седење од кои можете да уживате во погледот на блиското езеро.

muzej6

Испрати коментар

Scroll To Top