Насловна / Архитектура / Алвар Алто и Финландија

Алвар Алто и Финландија

Кога Хелсинки стана главен град на новоформираната монархија Финска, на почетокот на деветнаесеттиот век, германскиот архитект Карл Лудвиг Енгел проектирал монументален централен плоштад, денес познат како плоштад на Сенатот. Fasada

Алвар Алто верувал дека новата независност на Финска заслужува свој плоштад проектиран по мерка на финската естетика и функционалност кој треба да се наоѓа во тогашниот нов центар во близина на парламентот, симболот на независноста. Алто ја поддржал идејата на неговиот колега Елиел Саринен за изградба на нова сообраќајница позната како Авенија на слободата која се протега од северното предградие до срцето на градот.Sala 3

Алто во своето творење ги истражувал можностите за проектирање на голем плоштад во форма на вентилатор кој се протега до заливот Тоолонлахти. Плоштадот покрај својата карактеристична форма, е на три нивоа и завршил во вид на тераса над заливот, а во негово продолжение предложени се повеќе јавни објекти меѓу кои, концертна и конгресна сала, библиотека, музеј и друго. Алто своите први цртежи за плоштадот ги претставил во 1961 година, но подоцна во 1964 и 1971 година оригиналните цртежи подлежеле на модификација поради критики од различни субјекти.

Sala 1

Финландија е проектирана во 1962 година, а изградена помеѓу 1967 и 1972 година. Конгресното крило е проектирано во 1970, а е изградено помеѓу 1973 и 1975 година. По завршувањето на целиот објект Алто имал чувство на триумф. Финландија во себе ги содржи сите идеи со кои Алто експериментирал во својата животна пасија да проектира монументални објекти. Enterier detal

Салата не е функционална креација, ако функционалноста се разбира како објект чии форми се диктирани исклучиво од практичната функционалност и соодветните конструктивни решенија. Напротив, објектот е естетска композиција со кубистички форми создавајќи повеќестепена целина. Но елементите не се целосно декоративни, Алто останал верен на функционалноста со својата потрага по практична причина за своите форми.Enterier otvori za dnevna svetlina

Главната идеја на Финландија  се централните „кули“ со закривен кров кои биле проектирани за подобрување на акустиката во главната концертна сала. Публиката нема можност да ги види поради спуштениот плафон, но овие издигнувања требало да овозможат акустичен ефект којшто го поседуваат високите цркви. Сепак, за жал, оваа идеја во пракса се покажала како неуспешна. Однадвор пак тие навечер се осветлуваат, кога салата работи, со светлина која ја симболизира поларната светлина аурора бореалис.Enterier 3

На прв поглед веднаш се забележува дека и ентериерот и екстериерот се облечени во бел мермер. Алто го избрал овој материјал бидејќи за него претставувал важен линк со културата на Медитеранот, која сакал да ја претстави во Финска.Enterier 2

Ентериерот исто така изобилува со бројни мотиви и белези на проектантот. Асиметричниот аудиториум е речиси без ниеден прав агол, но сепак одлично контролиран со хармонични и акустични ѕидни релјефи и силно оцртани контури на балконите.Enterier 1

Главното фоаје се наоѓа помеѓу главниот аудиториум проектиран за 1700 гости и помалиот за 340. На овој простор за дизајнирање на плафонот Алто црпи инспирација од неговата црква во Детморде, Германија, каде сака да претстави отворен простор, пејзаж, во присуство на повеќе моќни елементи, симбиоза која Алто ја совладал до совршенство. Фоајето продолжува до конгресното крило, каде највпечатливиот архитектонски елемент е ѕидот, кој се свива навнатре во помали делови. Со ова Алто сакал да ги искрши ригидните униформни карактеристики на правите ѕидови.Navecer osvetlena 3 Navecer osvetlena 2 Naveceer osvetlena 1

Во ентериерот исто така мора да се спомне и вниманието на секој детал. Секоја светилка, целиот мебел како и сите ѕидни облоги, плафони и подни материјали се специјално дизајнирани за објектот. Сите материјали и бои зборуваат на јазикот на природата без какви било вештачки елементи да го одвлекуваат вниманието.Skica za sala

Овој начин на проектирање во суштина ја потенцира филозофијата на Алто дека архитектурата треба да биде позадина на човекот. Не треба нападните форми или ентериерите со блескави бои да го привлекуваат вниманието, туку луѓето и изведувачите треба да бидат во центарот на вниманието. Гостите во Финландиа не мора да бидат блескаво облечени како во другите традиционални позлатени оперски сали, туку треба да бидат природни и искрени во својот изглед како и околината.

 

Испрати коментар

Scroll To Top