Насловна / Архитектура / Алуминиумска скулптура на Заха Хадид

Алуминиумска скулптура на Заха Хадид

54135540c07a8016d100003c_zaha-hadid-installs-ultra-thin-shell-structure-at-london-s-v-a_02_crest_photo_by_luke_hayes

Архитектонското биро Zaha Hadid Architects ја претстави чудната криволиниска скулптура наречена „Crest“ во чест на  прославата на отворањето на Лондонскиот фестивал на дизајнот. Сместена на површината на базенот, тенката самоносечка структура е направена од преднапрегната рамна алуминиумска плоча. Скулптурата ќе остане во главниот град на Велика Британија за време на траењето на фестивалот, по што ќе биде префрлена на локацијата на новиот проект на Заха Хадид – ME Dubai Hotel, каде ќе стане постојан дел на просторот. Се работи за демонтажна скулптура која ги тестира границите на новите градежни техники. Таа означува врска меѓу Истокот и Западот.

„Се работи за процес кој порано никогаш не сме го направиле, т.е еден вид експеримент, при што беше важно да се постигне максимално прецизна тенка форма. Тоа е најтенката лушпеста структура која досега сме ја изградиле“, раскажуваат архитектите од Zaha Hadid Architects. Новиот хотел ME Dubai, ќе биде сместен во зградата Opus во Бурџ Калифа, ќе има стотина соби, четири пентхаус апартмани со приватни тераси, како и ресторан со Мишелинска ѕвезда.

 

Испрати коментар

Scroll To Top